Oсмани: Дали реакцијата за Бесмира беше затоа што е жена или Албанка?

Не го знам тоа име, никогаш не сум запознал човек со такво име и презиме и затоа ова ќе го сметам повеќе за шпекулација врз основа на разговори во владата. Никогаш немало одобрено одлука на влада за такво решение иако немам право да коментирам прашања од затворена седници -вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за несудената конзулка Бесмира Ејупи

Исто така Државното правобранителство предводено од Фехми Стафа, во периодот од април лани до февруари годинава, преку 11 трансакции и исплатило вкупно 247.658 денари или околу 4.000 евра на Ејупи , објави неделникот Фокус, а Антикорупциска отвори истрага

-Одлука одобрена од влада за тоа лице никогаш немало. Не ја знам госпоѓата, никогаш не сум ја сретнал во животот. Дали реакцијата беше што е жена, дали затоа што е млада, дали затоа што е Албанка-прашува Османи во интервју за „Макфакс“.

Back to top button
Close