Oсмани: Доколку не се направат уставни измени, се отвара можност за руско влијание

Во интервју за Гласот на Америка на албански јазик, на прашањето за влијание на Русија во Македонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека има руско влијание во целиот Западен Балкан и проценува дека доколку не се направат уставни измени (за влез на Бугарите во Уставот), дека и тоа ќе биде можност за такво влијание.

Руската Федерација нема што да му понуди на Западен Балкан во однос на перспективата, економскиот напредок, вредностите на владеењето на правото и слично, па кога немате начин да понудите подобра алтернатива, тогаш единственото нешто што ви е важно е да го одржите вашето влијание преку одржување на вечни конфликти“, вели Османи.

Односите на Македонија со Бугарија министерот ги оценува како историски тешки и сложени, а во моментов вели дека најавата за предвремени избори во Бугарија и политичката тензија во Македонија доведоа до создавање на актуелната ситуација.

Затоа, смета Османи, бугарската реакција поврзана со инцидентот во Охрид, може да се констатира дека е непропорционална бидејќи „државата ги презела сите неопходни мерки тој случај да се изолира и сторителите да се идентификуваат, изведат пред лицето на правдата и да се казнат.

„Потребна ни е нормална комуникација меѓу државите за да не им оставиме простор да се хранат политичките профитери и провокатори и да ги градат своите политички кариери“, рече Османи.

Во интервјуто министерот вели дека треба да се дефинира принципот дека не може без реакција на државата некој да дојде во Македонија и да го негира нејзиниот територијален интгегритет, народ, која било етничка заедница. Во таа насока Османи ја спомена и можноста за забрана за влез во земјата.

Back to top button
Close