Османи домаќин на косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Гервала Шварц

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Доника Гервала Шварц.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите меѓу двајцата министри се очекува да бидат прашања значајни за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, за подготовките на планираната заедничка владина седница и перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена.

Актуелните состојби во регионот, регионалната соработка, европската и евро-атлантската интеграција на земјите од Западен Балкан, соработката во рамките на борбата против корона вирусот и други актуелни меѓународни теми исто така се очекуваат да бидат теми на разговорите.

Back to top button
Close