Османи: И слободата на Северна Македонија се брани во Украина

Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денес се брани во Украина и Украина ја заслужува сета почит помош и поддршка поради тоа, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по денешната средба во Киев со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, додавајќи дека нашата држава од почеток се приклучи кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.

Како што соопшти МНТА, централна тема на разговорите на оваа втора средба на Османи и Кутлеба во само неколку недели, беше руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко.

– Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност, се додава во соопштението.

Back to top button
Close