Османи: Каков е тој патриотизам што вели – ние ги блокираме преговорите за ЕУ заради идентитетот, а со тоа стимулира земање бугарски пасоши

„Не знам колку имаме веќе резервни капацитети да издржиме, ги изгубивме луѓето. Ви кажувам – секој ден ми јавуваат амбасадите дека се зголемува бројот на носители на бугарски пасоши.

Јас не знам кој е тој патриотизам што вели – ние ќе го кочиме европскиот процес заради нашиот идентитет, а со тоа ги поттикнува граѓаните да одат во Софија, да се потпишат како Бугари за да земат пасош за подобар живот. Тоа е лажен патриотизам“, вели кандидатот на коалицијата „Европски фронт“ за претседател на државата, Бујар Османи, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1

360°: Kои се кандидатите на концептот изолација?

Османи: Тие што сакаат да го срушат Преспанскиот договор, да го срушат Охридскиот рамковен договор… Еве, оваа дебата со балансерот е во сржта на Охридскиот рамковен договор, дебатата за јазикот е во сржта на Охридскиот рамковен договор и тие што сакаат да го рушат договорот за пријателство, тоа води до изолација. Ние ќе останеме слепо црево на Балканот, сите држави се движат, Босна и Херцеговина доби кандидатски статус со сите маки, ќе останеме изолирани, ќе заборават на нас, нема никој да ни влезе од странство во државата на посета, ниту ние ќе можеме да посетиме некоја странска држава. Знаете тоа што значи за една мала изолирана мултиетничка демократија.

 

360°: Издржавме еден таков период.

Османи: Не знам колку имаме веќе резервни капацитети да издржиме, ги изгубивме луѓето. Ви кажувам – секој ден ми јавуваат амбасадите дека се зголемува бројот на носители на бугарски пасоши. Јас не знам кој е тој патриотизам што вели – ние ќе го кочиме европскиот процес заради нашиот идентитет, а со тоа ги поттикнува граѓаните да одат во Софија, да се потпишат како Бугари за да земат пасош за подобар живот. Тоа е лажен патриотизам.

Повеќе

Back to top button
Close