Османи: Каракачанов нема да се прогласи за персона нон грата – тоа би го охрабрило наративот дека водиме антибугарска политика

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали се размислува лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, и други личности кои беа дел од провокацијата во Битола да бидат прогласени за персона нон грата во земјава, рече дека тоа не би одело во корист на земјава, туку во полза на наративот што бугарската страна го шири во светот, дека во С Македонија се води антибугарска политика и се кршат човековите права.

„Мислам дека само ќе го охрабриме тој наратив дека тука се води антибугарска политика од тој и тој центар. Тоа е наративот што се шири во светот. И тука трошиме најмногу енергија да објаснуваме дека нема омраза, и тоа е секојдневна борба во Брисел и секаде -изјави Османи.

Тој признава дека во таа борба С Македонија е во асиметрична позиција во однос на Бугарија – тие се членка на ЕУ, ние не сме, тие се позначајни, ние не сме толку, рече Османи и додаде дека во такви услови ние треба да сме попаметни и повешти како да го надминеме тоа.

„Најлесно ми е мене да излезам и да кажам сè најлошо, вие ќе напишете добри текстови и граѓаните ќе кажат браво, но тоа е со краток здив – истакна Османи.

Тој не сакаше да коментира како е можно да се регистрира здружение со името Иван Михајлов, а притоа да нема одобрение од Министерството за правда и посочи дека одговор треба да се бара таму.

Рече дека се работи за неколку закони, а на прашањето дали треба да се размислува за менување на Законот за граѓански здруженија, тој рече дека може да се размислува во таа насока, но не сега и не во моментот кога има емоции туку кога ќе спласнат емоциите и да се види дали има пропусти за да нема вакви случувања.

 

 

Back to top button
Close