Османи контра Мицкоски: Многу пати сум барал да отидам во ВМРО-ДПМНЕ и да му го објаснам францускиот предлог

Претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи го демантираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој тврдеше дека, иако барал, не бил вклучени во преговорите околу евроинтеграциските процеси.

„Мицкоски дека добро знае колку пати сум барал да отидам во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во белата палата за да го претставам францускиот предлог и преговарачката рамка. Неговиот однос со одбивањето на уставните измени е непатриотски чин поради кој многу млади и натаму ќе бараат бугарски пасоши да се иселуваат“, рече Османи, кој додаде дека ако Мицкоски прифати, тој ќе ја прекине неговата претседателска кампања и ќе оди во партиското седиште за да им ја објасни преговарачката рамка.

Османи вели дека многу пати барал да го прими Мицкоски .

„Во неколку наврати сум пратил порака до господинот Мицкоски, примете ме во партијата, дајте да ви објаснам бидејќи тоа што го слушате и тоа што го зборувате не е точно, дека е лоша интерпретација и дека не им правите добра услуга на граѓаните кажувајќи им лажни информации и лажни вести. Со секој ден одложено членство во Европската унија група Македонци се пријавуваат во Софија дека имаат бугарски потекло земаат бугарски пасош и ја напуштаат државата. Ако тоа е патриотизам да ги терате граѓаните лажно да се запишуваат дека имаат бугарско потекло за да заминат од државата, тогаш јас не знам што е патриотизам“, вели Бујар Османи.

Ваквиот одговор на Османи доаѓа откако вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го коментираше предлогот на претседателскиот кандидат од ДУИ кој рече дека доколку стане претседател следниот ден ќе свика лидерска средба и таа ќе трае се додека не се постигне договор за уставните измени и продолжување на процесот на евроинтеграциските процеси. Мицкоски рече дека можноста за постигнување консензус одамна била изгубена.

Back to top button
Close