Османи на средба со германската амабсадорка: Примената на меѓународните договори е обврска на С Македонија за заокружување на евроинтеграцијата

Министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи, денеска во просториите на македонското МНР се сретнал со германската амбасадорка во земјава, Петра Дрекслер.

Во кусата објава на Фејсбук во која информира за средбата, Османи пишува дека со германската амбасадорка се согласиле оти за заокружување на европската интеграција на земјава, покрај продолжување на реформските процеси, потребно е и исполнување на обврската за целосно применување на меѓународните договори.

Министерството со кое сè уште раководи Бујар Османи вчера и преку официјално писмено соопштение повика политичарите и избраните функционери да ги почитуваат уставните одредби и меѓународно преземените обврски, меѓу кои и почитување на Договорот од Преспа. Од МНР повикаа и на задржување на евроатланскиот курс за кој посочија дека е основен стратегиски интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата.

Back to top button
Close