Османи на средби со дијаспората во САД, ги посетил и училниците за настава на македонски јазик

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, се сретна со претставници на дијаспората во Њујорк и во Њу Џерси. Тој, како што соопшти МНР, ја потврдил посветеноста на институциите на Северна Македонија за зајакнување на односите со дијаспората, преку систематизација на улогата и потенцијалот што припадниците на дијаспората ја имаат во новите средини во кои живеат.

Османи изразил благодарност за досегашните активности на дијаспората за зачувување на јазикот и културата, меѓу другото, и преку реализација на дополнителна настава на мајчин јазик, а во оваа пригодаа ги посетил училниците каде што се изведува наставата.

Османи високо го оцени ангажманот на дијаспората за лобирање и промовирање на интересите на Северна Македонија пред највисоките претставници на американската администрација, политичките и бизнис елити, како и пред разните интересни групи во американското општество.

„Дијаспората позитивно придонесува за нашиот имиџ во странство и е важен мост кој не можеме ниту смееме да не се обидуваме и искористиме. Во услови на потенцирана промена на структурата на миграцискиот контингент и неговите растечки развојни потенцијали, потребата за воспоставување на посилна соработка со дијаспората е од исклучително значење“потенцира Османи.

Османи се осврнал на проектите на Министерството за надворешни работи последните две и пол години, реализирани и како резултат на апелот и интересот на дијаспората.

„Ги издвои, меѓу другите – дигитализацијата на конзуларните услуги (е-конзулат), поставувањето на базни и мобилни станици со кои за кратко време се обновува патната исправа, финансирањето на проекти за дијаспората, економските поволности за инвестирање во Северна Македонијанаведуваат од МНР.

Османи ги информира соговорниците и за надворешнополитичкиот контекст, регионалната динамика и заокружувањето на стратешките цели на Северна Македонија, каде што пристапниот процес за членство во ЕУ е од примарен интерес.

Back to top button
Close