Османи- НАТО е информиран вчера за дојавите за бомби

Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека веќе ги информирале структурите на НАТО за континуираните дојави за поставени бомби во земјава.

Вчера комунициравме со структурите на НАТО, да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, која може да биде причината – рече Османи за ТВ 21.Според него, дојавите за бомби во земјава се дел од хибридни закани што се случуваат и во земјите во регионот што, како што рече, било доволна причина за алармирање на НАТО.

Серија дојави за бомби денеска стигна до повеќе објекти во земјава, главно лоцирани во Скопје почнувајќи од Меѓународниот аеродром, неколку хотели, па се до основни училишта.

Back to top button
Close