Османи не ја негираше шпекулацијата за средба со Груевски: Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани средби и по закон не можат да се откријат

Бујар Османи на средба со новинарите не ги негираше шпекулациите дека имал тајна средба со Никола Груевски

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска не ја негираше јасно шпекулацијата за средба со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.

Кога беше директно прашан за ова, Османи се повика на „класифицирани“ информации.

Новинарот јасно го прашува:

– Дали имало или немало средба меѓу Бујар Османи и Никола Груевски?

На ова, Османи одговори:

– Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани средби и по закон не можат да се откријат. Дури и да имало нешто такво, тоа ќе било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи – рече Османи.

 

Back to top button
Close