Османи негира: Не добив златен ај-фон туку урми

Министерот Бујар Османи го изел подарокот од Јордан. Не добил драгоцен мобилен телефон, излеан од злато и накитен со дијаманти, туку пакетче со овошје. Откако ги негираше наводите на медиумите дека се закитил со позлатен Ајфон, тој денеска одговори дека од посетата од Јордан во октомрви се вратил со плодови од тропско овошје.

„Проверив, од МНР на Јордан на подарок сме добиле урми (овошје)“, одговорил министерот Бујар Османи за Телма на прашањето за златниот Ајфон 14-ка

Back to top button
Close