Османи нема да оди на денешното судско рочиште каде е тужен за клевета

Од Министерството за надворешни работи информираат дека Османи не добил покана за рочиштето.

-Министерот Османи нема покана за суд; денес се одржува рочиште на кое се поканети адвокатите. Што се однесува до самата тужба, таа е целосно неоснована. Министерот никогаш не дал изјава што може да се смета за навреда, клевета или која предизвикува штета.

Целта очигледно не е правна разврска, туку јавна дискредитација. Веруваме дека во објективна постапка судот ќе ги увиди фактите и соодветно ќе ја отфрли тужбата како неоснована, соопштија од МНР.

Back to top button
Close