Османи: Нема одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во Њујорк, тоа е шпекулација

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во гостувањето во Дневникот на Сител вечерва демантираше дека има одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во македонскиот конзулат во Њу Џерси, САД.

-Шпекулации се информациите. Уште вчера портпаролите демантираа. Ние имаме конзул во Њу Џерси, Јордан Панов, и тој има мандат до 2023 година. Не можам да кажам зошто тие нецелосно информации излегоа од затворената седница на Владата, затоа што изнесување информации од таква седница е казниво со закон, рече Османи.

Според него, сите имиња за конзули и дипломати, додека не се добие потврда од земјата каде што се испраќаат, се доверливи и не можат да се објават.

Back to top button
Close