Османи: Нема платени реклами за претседавањето со ОБСЕ, станува збор за стручна поддршка

Нема никакви платени реклами за претседавањето на земјава со ОБСЕ, но бидејќи овој историски момент е од особено значење за нашата држава ги замоливме телевизиите кои можат бесплатно да ги емитуваат, порача министерот Бујар Османи на денешната прес-конференција, додавајќи дека рекламни кампањи не треба да се сфаќаат како презентација на работата на МНР или Владата, туку дека станува збор за стручна поддршка

viber sharing button

.ОБСЕ е најголемата регионална безбедносна организација на светот. Добивме шанса една мала земја да ја предводи најголемата регионална организација во која се членки и САД, и Русија, и Украина и сите земји на Европската Унија и Централна Азија – 1,3 милијарди луѓе. Организацијата која ги претставува овие луѓе, ние ќе ја предводиме во текот на оваа година и целта ми беше да не биде тоа само претседавање на Министерството за надворешни работи, туку целото општество да се вклучи во ова, бидејќи е одлична можност да ја претставиме Северна Македонија во текот на оваа година. Сите кои претседавале ја искористиле можноста да ја промовираат својата земја и тоа беше идејата на таа еднонеделна кампања во која воопшто не го претставувавме Министерството, не ги претставувавме политиките на Владата, туку ОБСЕ, со цел да ги вклучиме сите, појасни министерот.

Back to top button
Close