Османи: Од одлуката на младите зависи кој ќе ја води државата и каква иднина нуди со себе

Од одлуката на младите, според кандидатот за претседател на Северна Македонија од Европскиот фронт, Бујар Османи, зависи тоа кој ќе ја води државата и каква иднина нуди со себе. Ова го истакна тој на денешната средбата со млади во „Мала Станица“ на која ги презентираше предвидените младински политики и активности.

– Денеска имав задоволство да се сретнам со граѓани кои што гласаат прв пат, не за да разговарам со нив за која определба да ја имаат при првото нивно гласање. Туку, за инспирација, за пасијата што тие ја внесуваат во демократијата, за важноста на гласот, за жртвите што човештвото ги има направено за да се стигне до правото на глас. За одговорноста што ја носи гласот во дефинирање на иднината, изјави Османи по средбата.

Како што дополни, гледајќи ја одлучноста и подготвеноста на младите, не треба да се плашиме за иднината.

– Гласањето не е само право, гласањето е столб на демократијата но и голема одговрност која што посебно на овие избори, кога земјата ќе одлучи дали ќе ја одбереме изолацијата или ќе ја одбереме интеграцијата. Дали ќе ја избереме понудата која што бара 61 пратеник за да се исклучат останатите заедници од одлучуање, или, пак, понудата на Европскиот фронт кој што нуди соживот, вклучување на сите во заедничко донесување на одлуките, за побогата, побезбедна и поевропска Северна Македонија, рече Османи.

На средбата, меѓу другото, тој зборуваше за хибрдината војна и лажните вести.

– Ова е од посебна важност за тие што гласаат за прв пат. Да имаат кредибилни извори на информации. Да ги проверат информациите. Затоа што лажните вести не се само кампањска алатка за плукање по противникот. Тоа се системски, добро смислени инструменти и на глобални сили, на регионални сили, но и внатрешни сили кои што сакаат да ја анимираат довербата на граѓаните кон институциите кои што сакаат да ги пасивизираат младите од учество во политичката активност, рече тој.

Османи потенцираше дека од одлуката на младите зависи тоа кој ќе ја води државата и каква иднина нуди со себе.

– Затоа, мојата кампања не само што беше позитивна и конструктивна, туку во ниту еден момент не беше извор на лажни вести, не беше извор на навреди и напаѓање кон политичките противници. Имав можност да посетам секое село, секое населено место, секој град, секоја фабрика, мала продавница, па и дом каде што може во овие 20 дена и каде што Европскиот фронт има свои структури за да ја барам вашата поддршка, за кандидатурата за претседател на државата. Сметајќи дека оваа кандидаутра носи безбеден пат кон Европската иднина во наредните пет години, дополни Османи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close