Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и една група луѓе кои 20 години го ограбува

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вечерва на големиот собир во Чаир упати силна порака до граѓаните, нагласувајќи дека по две децении неправда, корупција и злоупотреби дојде време општината конечно да се ослободи од кликата која го држеше Чаир во заложништво, стои во соопштението на кандидатот на НАИ за Општина Чаир Бујар Османи.

 

„Чаир дваесет години го држеа во заложништво група луѓе што им ги украдоа соништата на своите жителите, ја злоупотребија нашата доверба и профитираа од вашето разочарување и чувството дека можеби не може подобро. Но, од денес кажуваме крај, и на разочарувањето, и на стравот и ја започнуваме промената на Чаир“, изјави Османи.

Тој истакна дека овие избори не се обични, туку пресудни и претставуваат борба помеѓу народот и група луѓе кои две децении го уништувале општествениот, економскиот и урбаниот живот на Чаир.

Back to top button
Close