Османи: Пакетот Албанија – Северна Македонија е во интерес на двете држави, но Тирана има право да бара одвојување  

Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за одвојување на Албанија и Македонија во евроинтеграцискиот процес е лошо пренесена, уверува шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

-Јас ја слушнав изворно изјавата и тој рече ќе ги прашаме граѓаните дали мислат дека доколку за 6 месеци не се повлече бугарското вето дали Р Албанија треба да бара издвојување од пакетот. Значи, консултација со граѓаните по однос на тоа прашање, а не одлука дека Албанија ќе бара да го продолжи сама патот, рече Османи на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Појаснува дека формално во пристапниот процес никаде не стои дека земјите се организираат во пакети.

-Можеби, еве во моментот тој неформален политички систем да се групираат земјите со цел да се даде еден нов регионален импулс, нова региоална динамика може да изгледа дека краткорочно и штети на Албанија. Меѓутоа, ако го гледате историјатот на проширувањето на ЕУ ќе видите дека најголемиот дел од земјите коишто пристапија станаа членки на ЕУ во последните години влегоа во групи. Тоа се големите групи на проширување бидејќи очигледно се покажа дека групирањето кое што е неформална политичка одлука, значи нема во процесот формално групирање, секоја земја се движи во процесот сама врз основа на своите заслуги, врз основа на своите постигнувања и динамиката која што сама ја наметнува во процесот. Затоа се нарекува процесот регата, односно секој брод, секоја земја се движи на патот со брзината која што сама ќе ја наметне, вели Османи.

Според него, политичкото групирање на Албанија и Македонија е во интерес на двете држави.

-Меѓутоа, еве историјатот на ЕУ покажа дека групирањето да ва регионален импулс, дава регионална динамика, создава една синергија која што е сепак поголема од вкупнот збир на две или три држави и затоа сметам дека оваа неформално политичко групирање на Албанија и Северна Македонија е во интерес на двете држави, и на Албанија и на Северна Македонија, бидејќи овие процеси се циклични – денеска Албанија нема проблем, Северна Македонија има, меѓутоа во 2019 беше обратна ситуација – ние немавме проблем, Албанија имаше проблем. И доколку краткорочно гледаме можеби да ќе имаме одреден интерес за еден чекор во процесот, меѓутоа долгорочно сметам дека со регионална динамика двете држави ќе добијат. Затоа сметам, ако е ова еден аргумент плус за убедување на албанските државјани, на албанската Влада дека неформалниот регионален пристап е во интерес на двете држави па и на регионот во целина. Но, Албанија има право да бара такво нешто бидејќи процесот е таков, индивидуален, формално индивидуален, рече Османи.

 

 

Back to top button
Close