Османи: Партиските активисти се издржуваат со парите на обичните граѓани
Овој факт е тажен, навистина. Колку што знам, во јули според „open finance“ имало 720 договори, и тоа со вредност до 50 илјади денари за луѓе кои седат дома, партиски активисти, чиишто задачи се да пишуваат по социјалните мрежи и да ги навредуваат политичките опоненти, се вели во соопштението од ДУИ.
Значи, со парите на граѓаните се плаќаат партиските активисти. 720 договори во јули, ако ја земеме просечната сума од 30 илјади денари, тоа ако добро се пресмета е околу 350 илјади евра месечно. Замислете што би можело да се направи со 350 илјади евра месечно во секое маало. 350 илјади овој месец во Гази Баба, 350 илјади во Сарај, 350 во Дижонска.
Затоа Чаир е во оваа состојба, затоа што партиските активисти се издржуваат со нашите средства, во една општина која има ограничен буџет, во една општина каде што 67% од буџетот оди за плати. А сега со остатокот ја издржуваат партијата, бидејќи формирале нова партија и сега граѓаните треба да ја издржуваат партијата.
Ние првиот ден ќе ги ревидираме овие договори. Договори ќе имаат само луѓето кои навистина ќе работат, ce вели во соопштението.