Османи: Преживеаните се навреме згрижени, по ден-два ќе бидат префрлени во Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази благодарност за брзата реакција на бугарските здравствени власти.

Како што изјави Османи по посетата на болницата Пирогов во Софија, сите седум хоспитализирани кои ја преживеаја автобуската се навреме згрижени и стабилизирани. Се очкува по еден ден или два да бидат префрлени во Скопје.

-Имаше брза реакција од страна на бугарските здравствени власти. Сите пациенти се навреме згрижени, дадена е прва медицинска помош, сите се стабилизирани. Очекуваме да останат ден-два за да можеме да ги префлриме после во Скопје, рече Османи.

Тој е во Софија по трагичната несреќа што се случи ноќеска заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Back to top button
Close