Османи: Разочарувачки е што мнозинството граѓани во Македонија ја поддржуваат Русија


Разочарувачки се последните анкети во врска со јавното мислење во врска со руската агресија во Украина, разочарувачки е бројот на граѓаните кои имаат про-руски ставови“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој надополни дека разочарувачки е порастот на скептицизмот за ЕУ, и објасни на што се должи тоа.

„Разочарувачки е и порастот на евроскептицизмот и мислам дека голем дел од ова се должи на фрустрацијата од неотпочнување на преговорите со ЕУ. Исто така ова се случува и поради надворешните влијанија, а тука е на пример и партијата Левица која има отворени про-руски ставови, партија чии претставници имаше и на парадата на Путин. Оваа партија може во иднина да биде сериозен проблем доколку треба да одлучува за нешто“, рече Османи

Back to top button
Close