Османи: Реакциите во Северна Македонија на посетата на Курти се последица на недоразбирање кое бргу ќе се надмине
Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека реакциите во Северна Македонија на случувањата на собирите во Чаир и Тетово, за време на посетата на премиерот Албин Курти, минатиот петок, се последица на недоразбирања, за кои изрази уверување дека двете соседни држави бргу ќе ги надминат.
Во изјава пред новинарите за време на посетата на општина Драгаш, Османи рече дека појавата на знаме на „Етничка Албанија“ меѓу поддржувачите на Курти во Тетово е само „потез на одреден граѓанин, а не нешто организирано“.
Таа ги повика македонските институции, „доколку ги загрижува нешто“, истото да го адресираат согласно меѓународните стандарди за заштита на човековите права и на правата на немнозинските заедници.