Османи: Се уште не е одлучено дали и кого ќе ги поддржиме во вториот круг

Бујар Османи од ДУИ денеска на прес-конференција му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во идната влада.

Тој додаде дека не треба да се зборува за коалиции на девет дена пред избори, туку треба прво да се слушне волјата на народот.

Тој додаде дека се уште не е одлучено дали и кому ќе ги препорача своите гласови освоени од првиот претседателски круг на 24 април.

– Јас бев кандидат на `Европскиот фронт` и ваквата одлука ќе ја донесеме со `Европскиот фронт` во следните денови“ рече Османи.

Back to top button
Close