Османи: Северна Македонија силно ги осудува денешните ракетни напади врз цивилни цели во Украина

Денешните ракетни напади врз цивилни цели во Киев, Лвов, Днипро, Харков, Криви Рих и други делови од Украина претставуваат флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право, како и дополнително поткопување на меѓународниот поредок заснован на правила, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на негопвиот Фејсбук профил.

-Република Северна Македонија силно ги осудува ваквите неприфатливи дејствија извршени од страна на Русија, кои резултираат со невини човечки жртви. Сторителите на нападите треба да бидат изведени пред лицето на правдата и да одговараат за извршените воени злосторства. Уште еднаш ја реафирмираме солидарноста со украинскиот народ, како и цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, упатувајќи уште еден повик за итно прекинување на сите воени дејствија и повлекување на руските воени сили од земјата, стои на статусот на Фејсбук на министерот Османи

Back to top button
Close