Османи синоќа дежураше на Клинички: “Соживот е да им се овозможи на колегите кои слават да бидат со своите најблиски”

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа бил на работа, поточно на дежурство во Клиничкиот центар каде што работи како лекар.

Тој вели дека ова е традиција, да дојдат на дежурство лекарите кои не ги слават овие големи христијански празници, со цел да можат неговите колеги од православна вероисповест да бидат со нивните најблиски за време на божикните празници. Вели дека тоа е во духот на соживотот и меѓусебното почитување.

„Традицијата продолжува!

Секој православен верски празник, им се приклучувам на многуте мои колеги кои денес не слават, а кои доброволно се јавуваат за дежурство за да се овозможи колегите кои слават да бидат со нивните најблиски. Соживот и меѓусебно почитување! Честит Бадник и Божиќ“, напиша на фејсбук министерот и лекар Бујар Османи

Back to top button
Close