Османи: Случајот со приведениот дипломат е можност системот да го вратиме таму каде што му е местото

„Случајот со приведениот дипломат Миле Миленковски е можност системот да го вратиме таму каде што му е местото и да го вратиме и зачуваме достоинството на ова важно Министерство и служба. Очигледно системот има слабости децении наназад“, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања Османи рече дека уште во 2009 година дипломатот е испратен во Детроит, за два месеци е овластен да раководи со крипто заштита, во 2009 година од Детроит е преместен во Вашингтон, од каде Антонио Милошоски го преместува во Чикаго, а потоа следниот министер го праќа во Виена, од каде следниот министер го преместува од мисија во Амбасада, бидејќи сите се водат по принципот има национален сертификат.

– Шпекулации тука по ходниците јас слушам за сите дипломати. Писмо единствено добил мојот претодник со прашање дали има дипломатски пасош меѓутоа никакво известување понатаму. Ние требаше уште во февруари да добиеме известување дека има потерница по диломатот, сигурно некој би преземал мерки, рече Османи.

Кога имате сертификат за безбедност, појасни минисерот, тоа значи дека вие имаат пристап до документ, дали го имате тој пристап во директоратот за мултиратерала или во мисијата во Виена е исто.

– Дури во директоратот има повеќе доверливи информации затоа што се собираат од цел свет отколку во една мисија, или во едно претставништво. Сите што имаат национален сертификат имаат гаранција од службите дека тие се безбедни да работат со документи, а со тоа ми дава право и да ги разпределам дали на втори, дали на четврти спрат, дали во мсиија во Виена, дали во Вашингтон. Тоа е едно хоризонтално распоредување, потенцира Османи.

Во врска со тоа зошто е пратен, рече „бидејќи ние го преземаме претседателството со ОБСЕ донесовме одлука мисијата на ОБСЕ да го зголеми бројот на дипломати од тројца колку што се во моментов во вонредно на 15 дипломати и тоа ексклузивно заради прашањето на претседавањето“.

 

повеќе

Back to top button
Close