Османи со детали за средбата: Ахмети му посочи на Мицкоски дека на земјата и треба политичка стабилност

Бујар Османи за „Слободен печат“ даде детали во однос на средбите на лидерот на ДУИ, Ахмети со Заев и Мицкоски, пишува порталот.

Согласно изјавата на Османи, Ахмети единствено го повторил својот став дека на земјата и треба стабилност во однос на политиката.

– Разговараа за последните случувања. Претседателот Ахмети го повтори ставот дека на земјата и треба политичка стабилност и предвидливост сега кога се приближува декември како сериозен можност за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ. Сега сите мора да го cтавиме интересот на државата и граѓаните пред партиските и личните интереси, изјави Османи за „Слободен печат“.

 

Back to top button
Close