Османи со реакција: Етничката припадност беше основа за суштинските механизми кои помогнаа да се исправи децениската дискриминација

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи утрово на својот Фејсбук профил објави реакција по повод одлуката на Уставниот суд да го укине Балансерот.

„Основната идеја на Охридскиот договор беше да се надмине моноетничката држава и да се воведе концепт на заедничко владеење што ги штити етничките заедници од мнозинска тиранија и маргинализација. Последната одлука на Уставниот суд, диктирана од власта, суштински го погодува овој принцип – колективната заштита на етничките заедници. Етничката припадност беше основа за суштинските механизми како што се принципот на Бадентер во Собранието, системот за балансирање и етничките квоти, кои помогнаа да се исправат децениската дискриминација. Оваа одлука едноставно не може и не треба да помине“, вели Османи

Back to top button
Close