Османи- Средбата во Тирана е новогодишна и разговор за актуелностите во регионот, не за некакви конспирации

Средбата што за утре ја најави премиерот на Албанија, Еди Рама, со лидерите на албанскиот политички блок од Северна Македонија мислам дека ќе биде новогодишна средба со цел размена на мислења за актуелностите во регионот, очекувањата во Новата година, посакување на една подобра соработка во текот на оваа година, одговори на новинарско прашање министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција по денешниот состанок со амбасадорите на САД и на Јадранската повелба

.

Според него, за оваа средба нема некоја однапред предвидена агенда за која ќе се разговара, туку тоа повеќе ќе биде новогодишна средба со цел посакување успех во годината што е пред нас.

Шефот на македонската дипломатија не смета дека треба да се создаде некаква конспирација по однос на овие средби.

„Сите средби во кои се комуницира, во кои се разменуваат идеи, информации, ставови се од благосостојба на нашата земја, но и на другите“,рече Османи.

Тој додава дека премиерот на Албанија е докажан пријател на Република С Македонија.

„Тоа посебно го докажа во текот на овие месеци со преговори со Република Бугарија, кога буквално на сметка на интересите на Албанија се изложуваше кажувајќи ги позициите и на Република С Македонија во тој дел“,додаде Османи.

Back to top button
Close