Османи: Уставните измени треба што побрзо да станат тема во Парламентот


Уставните измени треба што побрзо да станат тема во Парламентот. Апелирам за државен консензус по однос на европските прашања и за постигнување договор меѓу сите политички партии дека за европските прашања, кој и да е на власт нема да имаме разлики, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека регулативите и директивите на ЕУ мора да ги прифати кој и да е на власт.

-Погрешно е размислувањето дека ние преговараме со Европската Унија. Фиксни се регулативите и директивите. Вие мора да ги прифатите такви какви што се за да станете членка. Без разлика дали е СДСМ на власт или ДУИ или ВМРО, никој нема можност нешто да смени во делот на преговорите со Европската Унија. Единствено што може да смени е во динамиката на испорачување и во прифаќање, потенцираше Османи.

Тој порача оваа тема да се остави на страна во интерес на граѓаните кои сакаат влез во ЕУ, без разлика од која страна на политичка сцена доаѓаат.

-Ако нема разлика, зошто тогаш да не ја оставиме оваа тема на страна, во интерес на граѓаните кои сакаат ЕУ и од едната и од другата страна на политичката сцена. Имаме доволно други теми за расправање, рече Османи.бт/цр

Back to top button
Close