Османи утре оди кај Македонците во Албанија, откако се засили пропагандата дека се Бугари

Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе ги посети претставниците на македонската заедница во Албанија за да разговара со нив по последните притисоци од Бугарија пред претстојниот попис и тврдењата дека во Албанија живее бугарско малцинство алудирајќи на населението во Пустец, Голо Брдо и Гора.

„Ние работиме со македонското малцинство во Албанија подолго време во различни форми и преку комуникација и преку асистенција“, вели министерот Бујар Османи по информациите од македонските здруженија кои алармираа дека Бугарија се обидува на сите можни начини да изврши тивка асимилација, а Македонците се уценети да се попишат како Бугари на претстојниот попис.

„Утре ќе ги посетам и Пустец и новиот граничен премин Џепиште-Требиште, каде исто така живее македонско национално малцинство во Албанија. Во договор со нашите таму ќе ги посетам општините и училиштето и ќе се сретнам со граѓаните и нивните здруженија во текот на целиот ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што ние можеме да помогнеме во комуникација со Република Албанија“, изјави тој денеска.

Шефот на дипломатијата денеска го презентираше сработеното во изминатите две години откако тој е на чело на министерството за надворешни работи. Најголем предизвик во работењето биле односите со Бугарија а клучни постигнувања се усвојувањето на преговарачката рамка, безусловната прва меѓувладина конференција за почеток на преговорите со Европската унија и историските прашања кои не влегоа во преговарачката рамка како и напуштањето на како што кажа озогласената рамковна позиција на Република Бугарија и Декларацијата на бугарското собрание кое резултираше со вето

 

Back to top button
Close