Османи утре во Букурешт на Минхенска лидерска средба

По официјалната посета на Кралство Саудиска Арабија, министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре ќе престојува во Букурешт, Романија, каде ќе учествува на Минхенската лидерска средба, организирана од страна на Минхенската безбедносна конференција.

Како што информираат од МНР, на Минхенската лидерска средба, на која е предвидено да учествуваат над 70 високи гости од Европа и пошироко, ќе се разговара за влошената безбедносна ситуација по руската агресија врз Украина, состојбите во Западен Балкан и Црноморскиот регион.

Back to top button
Close