Османи уверен дека уставните измени ќе се случат до крајот на мандатот

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, денеска изјави дека се уште верува оти уставните измени ќе се случат до крајот на овој мандат.

Според него, сега е идеален момент да се направат овие промени, бидејќи во мај ќе се одржат и европските парламентарни избори и вниманието ќе биде насочено на друго место, а не на Балканот.

Османи рече дека група националисти не може да држи цел народ во заложништво.

„Се надеваме дека е така. Пораката на американскиот државен секретар до ВМРО беше порака каква што не сме слушнале во историјата на оваа држава. Порака од нашиот најголем стратешки партнер, каде му вели на лидерот на опозицијата дека ако не покаже која е алтернативата, не би имал никаква вредност од него, т.е. Немаше ни да гласам.

Сега е нашата идеална можност и не може народ да биде заложник на група националисти. Македонија може да остане изолирана бидејќи некои земји ќе се движат побрзо и ќе бидеме заборавени. Уставните измени треба да се случат пред мај“, рече Османи

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close