Османи: Веднаш по локалните мора да има парламентарни избори, ДУИ на локални ќе победи 3:1
Бујар Османи упати нова остра реакција на контрадикторните пораки кои, според него, доаѓаат од власта – едни за јавноста, а сосема други, тивки пораки преку емисари испратени до неговата политичка опција. Во фокусот на неговата изјава е предупредувањето дека некои центри на моќ се обидуваат да ја редизајнираат власта по локалните избори, заобиколувајќи ја народната волја.
„Јас и вчера коментирав за овој случај, ми е жал што политичките лидери продолжуваат со овие контрадикторни пораки: во јавност едно нешто, на барање на нивните партнери, а преку емисари друго – за да ја реконфигурираат владата по изборите, затоа што се плашат од резултатите,“ рече Османи.
Тој нагласи дека причината за оваа конфузија е јасна – анкети кои покажуваат драматичен пад на довербата во владејачката структура.
„Ги има видено последните анкети, сам ги има видено последните анкети кои се 3 спрема 1,“ рече тој, додавајќи: „но одговорот е ист, и преку емисарите што му кажуваат, и јавно.“
Најсилната порака Османи ја упати кон оние кои се обидуваат Албанците да ги третираат како средство за пресметки и прераспределби во власта.
„Ние нема да дозволиме Албанците да станат разменска монета, некој да одлучува кој влегува и кој излегува.“
Наместо тајни договори и наметнувања, Османи најави дека иднината на владата ќе се одлучува врз основа на волјата на народот и преговори со победникот.
„Веднаш по изборите ќе има парламентарни избори и победникот на народната волја нема да биде земен како услов, туку ќе седне на маса и ќе преговара за заедничко владеење.“