Османи: Време е да се отворат границите без ограничувања
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил напиша дека е време да се отвораат границите без никакви ограничувања.
Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПСР тест и самоизолација ќе биде тема на разговорот со Комисијата за заразни болести и денеска, по што ќе се донесе соодветна одлука.
Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање во нормала на организираниот превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово