Османи за Димитров: Откако ќе видите дека не сте на списокот, тајмнгот е погрешен

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека не сака да влегува во дискусија со Никола Димитров и да одговори на неговите напади.

-Јас не сакам да влезам во реплика со поранешниот колега, јавноста кажа доволно.
Ќе беше изненадување тајмингот да не беше тој. Откако ќе видите дека не сте на списокот, тајмнгот е погрешен.
Ќе се воздржам од коментари, само можам да му посакам успех во понатамошната работа.
За решавање на овие спорови, можеби за првпат, политичарите Македонци и Албанци зборувааа во ист тон. Тоа е многу важно. Ние со Димитров не сме имале суштински разлики во процесот, само во работната дисциплина, рече Османи.

Back to top button
Close