Османи за Лимани: Со среќа нека им е на сите што мислат дека има подобро од ДУИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој е висок партиски функционер во владејачката партија ДУИ, го коментираше преминувањето на внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Фатмир Лимани во Беса.

-Од ДУИ во овие 20 години произлегле над 13 политички партии, сите со краток здив и тоа од политички фигури кои биле на високи функции во партијата. Господинот Лимани не бил во ниту една висока позиција во партијата, ниту партиска ниту владина. Така што со среќа нека им е на  сите што мислат дека има подобро, поконзистентно и посилно од ДУИ, рече Бујар Османи во гостувањето во Утрински брифинг.

Back to top button
Close