Османи за „Независен“: Разликите околу датумот за избори не се големи, очекувам договор

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју за „Независен“ оцени дека разликите меѓу партиите за датумот за одржување на изборите не се големи и тој очекува да се најде заеднички јазик.

Околу тоа дали 5 јули е во игра како датум за избори, Османи вели дека ставот на ДУИ е дека 5 јули е добар датум за избори, иако за нив е прифатлив секој датум „од денес до декември“ кога се редовните избори.

-Мислам дека 5 јули не е лош датум и дека е датум околу кој може да се сретнеме сите партии. Ако ме прашање како ДУИ, ние не спориме ниту еден датум, од утре па до декември, кога е редовниот термин. Но сметаме дека по 5 јули и до септември ќе има отежнати околности за одржување на избори. Така што очекувам да постигнеме договор околу овој датум. По 5 јули доаѓа летото, луѓето нема да бидат тука ако се отворат границите, ќе ги користат одморите. ДУИ нема да се спротивстави на ниту еден термин -вели Османи за „Независен“.

На прашањето има ли шанси оваа недела да се постигне договор, бидејќи роковите газат, Османи вели сѐ уште нема покана за лидерска средба, но дека партиите меѓусебно комуницираат и ги кажуваат ставовите.

„Бидејќи разликите не се многу големи, јас очекувам дека ќе најдеме заеднички јазик околу овие теми“, вели Османи во интервјуто за „Независен“.

Back to top button
Close