Османи за ТВ21: Има недоразбирања, не можеме да дадеме информации за тоа кој загинал во несреќата

„По цел ден ќе бидам со семејствата, но официјално нема да можам да им потврдам дека ако член на нивното семејство, по име и презиме е меѓу лицата кои ги загубија животите во трагичната несреќа во Бугарија“.

Вака министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговори во интервју за ТВ21 за тоа зошто нема информации за тоа кој се загинатите лица во несреќата.

Тој вели дека официјалните информации за тоа кои лица се починати во страшната сообраќајна несреќа ќе бидат познати откако ќе се изврши идентификација на лицата преку ДНК анализа.

Претходно, Османи посочи дека бил на посета кај повредените од несреќата, и соопшти дека се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност.

Back to top button
Close