Османи зачуден: Ниту јас му се мешам во работата на Димитров, ниту тој мене
Министерот за надворешни работи Бујар Османи не знае зошто јавноста шпекулира дека го засенил вицепремиерот Никола Димитров. Тој во дебатниот магазин „Click Plus“ рече дека мисли оти тоа не е така.
– Никола Димитров е вицепремиер за ЕУ, јас сум МНР. И двајцата си ја вршиме својата работа. Јас не му се мешам него во работата, тој не ми се меша мене. И двајцата работиме во интерес на граѓаните – рече Османи.
Тој додава дека не знае зошто во јавноста се шпекулираат овие наводи.
– Зошто во јавноста се шпекулира дека Димитров е засенет од мене, не можам да кажам, но јас не мислам така – посочува Османи.