Османи: Засега не е во план Џамбаски да се прогласи за персона нон грата, со тоа би му се направило услуга

За шефот на дипломатијата Бујар Османи засега не е опција земјава да го прогласи за персона нон грата бугарскиот европратеник и копретседател на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, бидејќи, како што рече, неговата цел освен да провоцира е и да се самопромовира преку реакцијата која ќе ја предизвика кај нас.

Изјавата на Османи следува откако бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски минатиот викенд во Скопје во друштво на стотина поддржувачи на ликот на Мара Бунева присуствуваше на одбележувањето на 95-годишнината од смртта на револуционерката. Главен говорник на настанот, кој најмногу го привлече вниманието на медиумите, беше токму Џамбаски кој во своето обраќање пред присутните не се воздржа од провокативната реторика околу историјата и односите меѓу двете земји.

„Ние таа дилема ја имавме и овде бидејќи ова го разговараме во Министерството. Има предлози да го прогласиме за персона нон грата, меѓутоа ние мора да ги размислиме сите аспекти. Дали со тоа му правиме услуга на човекот? Ако ескалира состојбата, можеби ќе го смениме мислењето и ќе мораме да донесеме таква одлука дури и на сметка на тоа што ќе му направиме таква услуга. Но, засега сметаме дека не треба да ја играме неговата игра туку да си имаме наша стратегија – изјави шефот на дипломатијата одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close