Осмомартовски базар во ГТЦ
Осмомартовски базар од денеска ќе се одржува во приземјето на Градскиот трговски центар. Посетителите до 8 Март секој работен ден (освен недела), од 10 до 20 часот, ќе можат да погледнат и купат производи изработени од нашите занаетчии – ракотворци.
Организатори на базарот се Занаетчиската комора Скопје и ГТЦ. На базарот ќе биде прикажан широк асортиман на ракотворби, од мартинки, плетени алки, накит изработен од епоксидна смола, полимерна глина, кожни и дрвени аксесоари и модни додатоци, полудрагоцени камења и кристали, филигрански накит, декоративни свеќи, домашни етерични масла, природни цвеќиња, сребрен накит и уметнички слики.
Ракотворците кои ќе се претстават на базарот се: Креативно студио Алегра, Филигран М Накит, Farina’s Handmade, Катарина Дода Јувелир, Добро Ми Стои, Арт студио С, Ателје Сиена, Siena Silver Jewelry, My precious, M&M Luxury Soap Bouquet, Декорации Марија, Уметничко студио Фантаст, Паеон, Шарена Приказна, Хеклана, Студио Кристина, Шарено ќоше, Дониа Ма, Мама Органа.