Основно непознавање е да тврдиш дека македонскиот е дијалект на бугарскиот со застарени поими за јазик и нација, вели бугарскиот професор Ќосев

Бугарскиот културолог Александар Ќосев ги критикува ставовите на официјална Софија дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, додавајќи дека се работи за основни непознавања и застарени поими за нација и јазик.

„Оние што тврдат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, не се свесни за основните концепти: тие не знаат што е јазик или што е дијалект. Но, најлошото е што тие не го знаат ни она што го бранат како ‘бугарски јазик’. Тие користат застарени поими за јазик и нација, во кои обете не се создадени од луѓе, туку се дадени од Бога, израснати како марули на полињата на животот“,

напиша тој на својот Фејсбук профил.
Ќосев, кој е професор на Катедрата за теорија и историја на културата на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Софија, понатаму вели дека првично размислувал да го објасни тоа, но, имајќи предвид дека традиционалната бугарска историографија, а во голема мерка и традиционалната бугарска лингвистика, се обвиткани со романтични митови, сфатил дека тоа ќе покрене објаснувања од, како што ги нарекува „специјалистите“.

Повеќе на 360 Степени тука.

Back to top button
Close