Останал и без 4.200 евра, и без ветениот социјален стан
МВР информира дека вчера во 15:00 часот во СВР Тетово, 55-годишник од село во општина Желино пријавил дека бил измамен од С.Р. од село Камењане, општина Боговиње.

Според пријавеното, во текот на 2024 година С.Р. му ветил на оштетениот дека ќе му посредува за добивање социјална помош и социјален стан, за што во неколку наврати му исплатил вкупно 4.200 евра.
По некое време услугите не биле извршени, а парите не му биле вратени, по што сфатил дека бил измамен.
Се преземат мерки за расчистување на случајот.






