Останати се помалку од 5.000 вакцини за прва доза, неделава очекуваме „Астра Зенека“

За почетокот на јуни била најавена и големата количина вакцини од „Синовак“, но сè уште нема потврден датум од Кина.

Во земјава се останатите помалку од 5.000 вакцини за прва доза. Сите останати се за ревакцинација на граѓаните кои веќе примија прва доза. Неделава се очекува да добивме донации од Бугарија и Грција.

Како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, најверојатно соседите ќе донираат од вакцините на „Астра Зенека“ кои ние ги користиме само за граѓаните над 60 години, меѓутоа нема конечна потврда.

-Сега имаме уште нешто помалку од 5 000 вакцини кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, во сите други се прави ревакцинација. Оваа недела треба да дојдат 70 000 вакцини – 50 000 од Бугарија и 20 000 од Грција, најверојатно вакцини на ’Астра Зенека‘. Сè уште немаме потврда за типот на вакцини. И тоа што редовно доаѓа секој понеделник од вакцините на ’Фајзер‘, како и тоа што го очекуваме е големата количина на вакцини од Кина за кои сè уште немаме точен датум. Најавата беше дека ќе биде на почетокот на јуни, изјави Филипче.

Back to top button
Close