Останува затворена границата помеѓу Франција и Велика Британија

 

Француските граници за сега ќе останат затворени за граѓаните на Велика Британија, додека државјаните на Франција, кои живеат во Велика Британија од утре ќе можат да се вратат дома со задолжителна потврда за негативен тест на Ковид-19.

Франција претходно ја затвори границата во Велика Британија на 48 часа, што значи забрана за сообраќај на камионите и бродовите од Довер.

Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека разговарал со претседателот на Франција, Емануел Макрон за затворање на француските граници и се согласиле што побрзо да биде решен проблемот.

Повеќе од 40 држави привремено ги суспендира летовите со Обединетото Кралство поради брзото ширење на новиот вид на Ковид-19.

Back to top button
Close