Оставка поднесe и градоначалникот на Нови Сад

Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ поднесува оставка, потврди српскиот премиер Милош Вучевиќ во своето вонредно обраќање.

Вучевиќ претходно на прес-конференцијата објави дека поднесува оставка, поради состојбите во земјата.

Милош Вучевиќ во своето обраќање изјави дека денеска разговарал со Милан Ѓуриќ, кој му потврдил дека ќе поднесе оставка бидејќи „и двајцата сметаат дека се морално одговорни за она што се случува во општеството денес“.

Српскиот премиер рече дека имал долга средба со претседателот Александар Вучиќ и дека тој ја прифатил неговата оставка.

„Мислам дека со тоа ја покажуваме одговорноста на оние кои се избрани да бидат одговорни, за да не се прелее на улица, дополнително да се подели општеството, туку политичарите да ја прифатат одговорноста и барем на тој начин да доведат до или да покажат дека се подготвени да доведат до смирување на тензиите. Дека сите треба да се вратат на разговорот, да се бара решение кое е најдобро за Србија, а не за некоја странска држава или странски интереси. Неприфатливо е некој друг да напаѓа, неприфатливо е да влегувате во туѓи партиски простории“ порача Вучевиќ

Back to top button
Close