Оставка поднесе и Координаторот за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани!
Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани, кадар на Алијанса за Албанците, крило на Арбен Тарвари, поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
„Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до Премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот. Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици. Останувам посветен да придонесувам таму каде што мојот ангажман може да донесе вредност“, вели Рамадани