Осум доживотни затворски казни за пожарот во скијачки центар во Турција во кој загинаа 78 лица – пресудите дочекани со аплаузи
Осум доживотни затворски казни се изречени денеска во случајот со смртоносниот пожар во јануари во луксузен хотел на турски скијачки, во кој загинаа 78 лица, јави турската приватна телевизија НТВ.
Меѓу осудените на доживотен затвор со строг режим е и сопственикот на хотелот, Халит Ергјул. Истата казна ја добија неговата сопруга Емине Ергјул и неговите ќерки Елиф Араз и Џејда Хаџибекироглу, кои биле дел од раководниот состав на хотелот, како и главниот менаџер Емир Арас, управителот Зеки Јилмаз, заменик-градоначалникот на Болу, Седат Ѓуленер, и директорот на друг хотел, Ахмет Демир.
Вкупно 32 лица беа обвинети во случајот, од кои 20 беа судени во притвор.
Објавувањето на пресудите беше дочекано со аплауз во судницата.
Вкупно 78 лица загинаа, а над 130 беа повредени во пожарот што на 21 јануари го зафати 12-катниот хотел „Гранд Картал“ во одморалиштето Карталкаја во северозападниот округ Болу. Трагедијата се случи за време на зимскиот распуст на учениците, кога во хотелот беа сместени 238 гости. Многумина се обиделе да се спасат скокајќи низ прозорците или спуштајќи се од собите со јажиња направени од чаршафи.
пренесе тв телма
 
					






