Осум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие, пријавени вкупно 14 случаи

– Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници привеле осум лица поради семејно насилство, а регистрирала 14 пријавени случаи.
Како што информират од Министерството за внатрешни работи, вчера во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го привеле О.С. (47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во ПС Тетово, неговиот 76-годишен татко, пријавил дека подолг временски период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од страна на нивниот син. Според пријавата, О.С. во алкохолизирана состојба секојдневно кршел предмети во домот и упатувал сериозни закани по нивниот живот. По лишувањето од слобода, кај О.С. биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во вториот случај, вчера во 15:30 часот во гостиварско село, полициски службеници го лишиле од слобода Р.А. (27), кој бил пријавен од страна на неговата поранешна вонбрачна партнерка дека откако ја прекинала врската, Р.А. дошол пред домот на нејзините родители со патничко моторно возило „бмв“ и им упатил сериозни закани по животот. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 15:40 часот во ПС Тетово, 30-годишен маж од Тетово пријавил дека на улица „Илинденска“, додека се движел со својата сопруга, бил физички нападнат од неговиот брат Р.З. (26). По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Синоќа во 19:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.М. (49) од село во општина Брвеница, по пријава од неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ѝ упатил закани по животот. Џ.М. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Утринава околу 01:30 часот, во ПС Тетово, Ќ.Б. (31) од Тетово пријавил дека била физички нападната од нејзиниот брат Ќ.Б. (26), во близина на рекреативниот центар „Бањиче“. Ќ.Б. е лишен од слобода, а при преглед кај него е пронајдена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе бидат следува соодветен поднесок.
Исто така, утринава во 01:30 часот во ОВР Прилеп, 34 -годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од сопругот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Утринава во 03:15 часот во ОВР Прилеп, 25- годишен прилепчанец пријавил дека во семејниот дом во Прилеп бил физички нападнат од неговиот татко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Синоќа во 20:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 36-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека по вербална расправија, физички ја нападнал и и се заканувал на неговата 31-годишна поранешна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 65-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека на Градски пазар во Велес, агресивно се однесувал кон неговата 62-годишна сопруга и оштетил предмети. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во 19:45 часот вчера во Полициската станица Радовиш 65-годишна жителка на Радовиш пријавија дека околу 14:30 часот во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг И.М.(59).. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 12:36 часот во ОВР Виница, 28-годишна жена пријавија дека околу 12:00 часот во семејниот дом во Виница, била физички нападната од нејзиниот брат Е.С.(26), а нејзиниот татко Е.С.(48) и упатувал закани. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 08:20 часот во Скопје денеска на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(35) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата вонбрачна 40-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 22:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.К.(38) од Скопје, кој агресивно се однесувал и оштетил дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Како што информираат од МВР, во последниот случај вчера во 19:30 часот, на автопатот Градско-Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 48-годишник од Скопје, постапувајќи по пријава дека во своето возило физички ја нападнал неговата 29-годишна партнерка. Известен е јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава





